Репрезентацијата на Македонија до 15 година замина за Кина

Македонската репрезентација до 15 години ќе учествува на пријателски интернационален турнир кој ке се одржи во Кина од 22 до 29 мај.
Шангај ќе биде град домаќин на овој турнир на кој учество освен Македонија ќе земат и домаќинот Кина, Северна Кореја и Киргистан. Нашата репрезентација ќе биде предводена од селекторот Марио Станиќ кој за овој турнир ги повика следниве играчи.
Голмани: Марко Алчевски (Талент), Алекса Јорданов (Црвена Звезда, Србија);
Одбрана: Јасин Сали (Њу Старс), Гораст Стојменов (Металург), Александар Ѓурковски (Вардар), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Рилинд Ајдини (Работнички);
Среден ред: Алтрим Јакупи (Шкендија), Али Асани (Вардар), Иван Николов (Брегалница), Лука Станковски (Работнички), Филип Андоновски (Металург), Стефан Ѓорѓиев (Њу Старс), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новески (Војводина, Србија);
Напад: Филип Костовски (Македонија Ѓ.П.), Марио Костевски (Работнички), Методи Максимов (Брегалница), Марио Илиевски (Вардар), Харис Хоџиќ (Работнички).
На 24 мај го започнуваме турнирот против Кина подоцна на 26 со Северна Кореја и овој турнир го завршуваме два дена подоцна против репрезентацијата на Киргистан.