Предлог за вкусен и брз ручек

Уморни се враќате од работа, треба да приготвите вкусен ручек за најмилите. Еве предлог кој сигурно ќе го обожавате, а ќе го приготвите за само 30тина минути.
Печен компир со сирење и сланина
Состојки:
- 1,5kg компири
- 500g сирење
- 300g сланина
Подготовка:
Сварете го компирот во солена вода. Откако ќе се свари излупете го и во сад за печење редете компир исечкан на кругови, рендано сирење и ситно сечкана сланина. Завршете со уште еден ред компири и одозгора зачинете.
По желба, додајте 2-3 лажици хопла или павлака за компирот да биде посочен.
Печете околу 20 минути на 200 степени.