Sunday, Jun 4, 2023
HomeГОВОРНИЦАИнтервјуПозитив интервју: Анита Мицова промовира нова песна

Позитив интервју: Анита Мицова промовира нова песна

По неколку годишна пауза од македонската музичка сцена,  финалистката на некогашното музичкото шоу во 2011 год. Идол, Анита Мицова, деновиве e повторно активна со нова песна, која воедно е најава за нејзиниот албум. Тоа беше повод да направиме едно кратко интервју, да дознаеме нешто повеќе околу песната, како и за нејзините идни планови.

Позитив: За нашите читатели кои не ве знаат добро, која е Анита Мицова и кои се нејзините први почетоци на македонската музичка сцена?

Анита: Моите професионални почетоци беа во 2006 година, за прв пат издадов песна во соработка со Роберт Билбилов, за потоа во наредните години да снимам уште две други заедно со истиот автор. Во меѓувреме настапував по локали и дискотеки низ Македонија .Во 2009 решив повторно да снимам во соработка со Весна Малинова Бабамова каде што во етер излезе видео и сингл на „До ден денес“, а во 2010 во соработка со Памперси песната „Не си за мене“. Во 2011 стигнав до финалистите на музичкото шоу Идол од каде што луѓето можеби и најмногу ме препознаваат.

Позитив: Неодамна издадовте нова песна, кажете ни нешто повеќе за тоа, со кого соработувате и дали сте задоволни од слушаноста на песната?

Анита: Пред околу две недели во етер излезе „Два Животи“ во соработка со маестралните музика и текст Весна Малинова Бабамова, аранжман Кирил Бабамов ,снимана во ХЛ студио Момироски.За истата се снимаше и видео запис ,локација Галичица а гости во видеото се Дарко Лешоски и Бранкица Затаракоска, благодарност до нив. За слушаноста на песната искрено сум изненадена, нон стоп добивам позитивни коментари , и не би можела да бидам рамнодушна.Тоа ми дава поттик за да не застанам тука, и со љубов да работам на албумот.

Позитив: Дали имате живи настапи, каде може да ве најдат вашите обожаватели?

Анита: Моментално најмногу настапи имам во Италија, таму имам закажани свирки летово , па од септември сум повторно во Македонија, доколку сакаат газдите на локалите да настапувам јас сум достапна за сите.

Позитив: Кои се вашите планови за во иднина? Дали планирате активно да се занимавате со музика или ова ќе биде само едно ваше хоби?

Анита: Музиката за мене е најпрвин живот, доколку не се занимавам со музика не знам да функционирам.Најпрвин ја правам од душа, па нека биде и активно занимање а и хоби.

 

Пишува: Наташа Заовска