Thursday, Jun 24, 2021
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосПоставен нов рекорд во вселената!

Поставен нов рекорд во вселената!

Најстарата астронаутка Пеги Витсон постави нов рекорд по бројот на прошетки во вселената, пренесе АП, прецизирајќи дека таа по осми пат излегла од Меѓународната вселенска станица. Астронаутката на НАСА Пеги Витсон (57) излегла од станицата за да ја премести опремата за спојување на капсула и така стана жената со најголем број посети на вселената.

Таа го срушила и рекордот од 50 часа и 40 минути, колку изнесуваше рекордот на една жена поминати во вселената. Витсон од минатата година од ноември се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, која се врти околу земјината орбита.