Sunday, Jan 29, 2023
HomeДЕНЕШНАПолитикаПортпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на владејачката СДСМ  преку својот ФБ профил, објави дека е позитивна на Корона вирусот, но и дека нема забележителни симптоми.
„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.
Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг.
Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.
Чувајте се!“, напиша Кузеска.
Македонија се соочува со есенскиот бран на пандемијата од Ковид-19 вирусот, но масовно зголемување на новозаразени има низ целиот европски континент. Загриженост кај нас, се јавува поради големиот број на смртни случаи, но и поради страв од преоптоварување на здравствените капацитети.