Sunday, Sep 26, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоранешни вработени во ТВ Нова ќе поднесуваат кривична пријава против телевизијата

Поранешни вработени во ТВ Нова ќе поднесуваат кривична пријава против телевизијата

Група поранешни вработени, новинари и технички персонал, ќе поднесуваат кривична пријава против одговорните во ТВ Нова повикувајќи се на член 166 од к.з кој се однесува на дела против работните односи, а поради неисплатени плати за месец јули и август. Случајот новинарите го пријавиле и во трудовата инспекција која треба да го задолжи управителот во рок да ги подмири долговите кон вработените, во спротивно прекршочно ќе одговара, пишува а1он.

Во меѓувреме на оние кои сеуште се во работен однос, пред два дена им бил префрлен на сметка аванс за октомври. Неофицијално, сопственикот е во потрага по купувач на телевизијата кој ќе ги преземе долговите кон доверителите, а главен линк за тоа е братот на еден поранешен министер.