Wednesday, Jun 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПешев: Младите квалитетни кадри ја напуштаат земјата поради кризата

Пешев: Младите квалитетни кадри ја напуштаат земјата поради кризата

Продолжувањето на политичката криза неповолно ќе влијае врз растот на економијата, изјави денеска Антони Пешев, претседател на Собранието на Стопанската Комора пред бизнис форумот „Македонија – Мексико: Бизнис можности и зајакнување на билатералната соработка“.

Пешев смета дека нефункционирањето на државата веќе се чувствува кај компаниите кои во овој период користеле алтернативни можности за опстанок.

– Ако не заврши политичката криза, економијата ќе почне да паѓа. Ќе имаме проблем да обезбедиме квалитетна работна рака, бидејќи кризата придонесе да се зголеми бројот на млада работна сила која ја напушта земјата – рече Пешев.

Според него, извозно ориентираните компании засега не ја чувствуваат политичката криза, но останатите се директно погодени од кризата.

Амбасадорот на Мексико во Република Србија, Марко Антонио Гарсија Бланко, кој ја предводеше делегацијата на оваа земја на бизнис форумот рече дека политичката криза не била причина да не се оддржи овој форум.

– И кога има криза, пријателите треба да бидат тука, а Мексико е пријателски расположен спрема Македонија – рече мексиканскиот амбасадор.