Патнички авион на „Ер Алжери“ безбедно слета по „исчезнувањето“

Авион на компанијата „Ер Алжери“ на летот АХ1020, кој патувал од алжирската престолнина кон Марсеј побарал помош преку радио комуникација, а потоа исчезнал од радарите, пренесува Раша тудеј, повикувајќи се на онлајн сервисот кој ги слeди летовите „Флајтрадар24“.
Сепак, еден час подоцна утврдено е дека авионот безбедно слетал во Алжир и дека проблемот настанал во преност на комуникацијата како и следењето на сигналот. Авионот имал технички проблеми по што морало да се врати назад, а патниците се безбедни и подоцна ќе бидат пренасочени кон Марсеј.