Tuesday, Sep 28, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовиот плоштад „Скендербег“ поскапе за дополнителни 300 илјади евра

Новиот плоштад „Скендербег“ поскапе за дополнителни 300 илјади евра

Новиот скопски плоштад „Скендербег“ станува сè поскап. На Бирото за јавни набавки е објавено дека општина Чаир и фирмата „Бауер БГ“ од Скопје во април склучиле дополнителен договор за непредвидени работи во висина од 18.174.129 денари, или околу 300 илјади евра, пишува „Макфакс“.

Вкупната вредност на проектот достигна 682 милиони денари и во оваа фаза надмина 11 милиони евра. Локалните власти претходно најавија дека втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ ќе заврши до крајот на мај оваа година.

Во третата фаза од изградбата на овој проект, предвиден е подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила. Со тоа се очекува да се реши проблемот со недостиг на места за паркинг околу Старата скопска чаршија.