Tuesday, Sep 28, 2021
HomeГИГА БАЈТСмартфонНовиот iPhone 8 може да задоцни со пристигнувањето

Новиот iPhone 8 може да задоцни со пристигнувањето

Откако Apple ги надмина грижите за набавка на OLED екрани со нарачката на 70 милиони панели за екранот од Samsung, сега има нови грижи дека iPhone 8 ќе задоцни, а тоа е поради проблеми со развој на 3D сензорот за селфи камерата која ќе се користи за пренесена реалност.

Долго време се шпекулира дека iPhone 8 ќе биде првиот смартфон со вграден AR сензор кој на пример на корисниците ќе им овозможи да прават 3D селфи фотки додека играат виртуелни видео игри. Оваа селфи камера на iPhone 8 ќе има многу иновативни примени кои засега се држат во тајност, но нејзиното усовршување е проблематично.

Токму затоа се претпоставува дека iPhone 8 ќе има „ладна“ најава на крајот на септември, додека пак неговиот вистински пласман на пазарот ќе биде одложен дури до крајот на ноември што досега било невообичаено за Apple. Секако, до тогаш има доволно време да се подобри 3D технологијата и навреме да се стигне за корисниците да не чекаат предолго.