Monday, Aug 15, 2022
HomeДЕНЕШНАНова донација на компјутери за децата од ранливи категории во ОУ „Александар Македонски”

Нова донација на компјутери за децата од ранливи категории во ОУ „Александар Македонски”

Нова пратка на компјутери како донација се обезбедени за децата од ранливите категории во основното училиште „Александар Македонски” од општина Аеродром, резултат на иницијативата покрената од Здружението ЗЕОООП и „Донирај компјутер“.

Здружението  за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес, ЗЕОООП – Скопје, кое работи и делува во својата област веќе 10 години, овозможува едукација и проучување за важноста на образованието за животна средина и модернизација во образовниот процес, од гледна точка на социјалната екологија како посебна социологија која го проучува специфичниот однос помеѓу човекот и неговата околина.

 

Александра Петровска, од една страна како основач и претседател  на здружението ЗЕОООП, а од друга страна како долгогодишен одделенски наставник во ООУ “Александар Македонски ” во Општина Аеродром, согласно потпишаниот меморандум за соработка со Борче Стаменов – Донирај Комјутер, за сите ученици од ранлива категорија во матичното училиште ја покрена иницијативата за донација на компјутери кои ги обезбеди Борче Стаменов.

Имено, Борче е познат како голем хуманитарец, а Александра користејки ги своите капацитети преку здружението ЗЕОООП и експертиза со која располагаат, е позната по реализирањето на многу бесплатни обуки за наставници, ученици, родители, од областа на животната средина.

ЗЕОООП упати огромна благодарност и до еколошко одговорната компанија Еко Логист Сервис, менаџирана од Игор Ѓешовски, кои освен што при својот транспорт се грижат за животната средина, се и чести донатори на еколошки проекти, но и она што е најважно обезбедуваат бесплатен карго превоз за сите донирани компјутери во цела држава.

Оваа соработка ќе продолжи и во иднина, се со цел сите ученици кои немаат компјутери во домашни услови, да добијат и да можат да ја следат и он-лајн наставата.