Sunday, Jan 29, 2023
HomeГИГА БАЈТХај текНова апликација: Следете ги сите авиони на небото во реално време

Нова апликација: Следете ги сите авиони на небото во реално време

Новата апликација ви овозможува на 3Д карта на светот да го следете летот на сите авиони кои се во тоа време во воздух. “Airspace Explorer“ обезбедува информации за трасата на секој авион, надморска височина на која лета, неговата брзина и типот на авионот.

За разлика од другите апликации, ова обезбедува и радарски податоци за позицијата на авионот се разбира, не сметајќи ги воените авиони.

Со оваа апликација можете да гледате 3Д мапа на воздушниот простор и да добиете вистински увид на која височина летат авионите, како и разликата помеѓу контролираниот и неконтролираниот воздушен простор.

“Airspace Explorer“ засега е достапен само за корисниците на “iPad“.