Нов уредник на МТВ најавен во среда за комплетирање на медиумските услови

СДСМ во среда ќе треба да го соопшти предлогот за нов уредник на јавниот сервис МТВ кој потоа на својата функција ќе стапи на 100 дена пред одржувањето на изборите со цел да води балансирана медиумска политика со застапеност на сите политички страни.
Со овој чекор треба да се комплетира сетот на мерки за итни реформи во медиумите кои повеќе беа политички барања на опозицијата. Во новоформираното ад-хок тело се уште нема договор за петтиот член по одбивањето на ДУИ и ДПА да дадат свој предлог.