„Луксузен“ хотел без ѕидови и кров на врв на планина во Швајцарија

Нул Стерн хотелот од Швајцарија нуди врвна услуга за своите посетители со најубавиот поглед кој може да си го замислите на врвот на планината на височина од 1900 метри бидејќи нема што да ви го попречува погледот, ниту ѕидови.
Оваа необична идеја за поставување на кревет, масичка, светилка и услуга од батлер очигледно привлекува многу посетители бидејќи едно ноќевање чини неверојатни 228 евра, што мислиме и дека не се баш паметно потрошени пари, не за друго ако настинете кој ќе ве лечи после.