Јана пред настапот со изненадување: ќе стане мајка

Годишната претставничка на Македонија на Евровизија, Јана Бурческа вчера настапи трета на сцената во Киев со „Dance Alone“.
Во краткото видео-претставување пред настапот, Бурческа објави снимка од ултразвук со која потврди дека е бремена. Во една од сцените таа се појавува на ехо преглед во гинеколошка ординација.
Јана носеше креација од Антонија Ристовска.