Wednesday, Jun 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИнтернет војната помеѓу Ременски и Јанкулоска продолжува – паднаа „тешки“ навреди

Интернет војната помеѓу Ременски и Јанкулоска продолжува – паднаа „тешки“ навреди

Откако поранешните министерки Гордана Јанкулоска и Фросина Ременски разменија „тешки“ зборови на социјалната мрежа Фејсбук, расправијата продолжи со низа обвинувања. Поранешата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ја обвини пратеничката Ременски дека лечела фрустрации преку коментари, а таа пак констатираше, како што вели, дека нејзината „занимална“ сеуште работи.

„Очигледно и не е така лошо, инаку што би правела. Абе воајерите и манипулаторите сами си отвараат работа и си го трошат времето занимавајќи со туѓи животи“ – пишува Јанкулоска.

„Воопшто не е лошо, ни отворивте еден куп работа“ – одговори Фросина Ременски.

Пратеничката од сегашниот состав на СДСМ, Фросина Ременски и порача на нејзината колешка Гордана Јанкулоска да не си го троши нејзиното време залудно и да ги преслуша прислушкуваните разговори меѓу неа и нејзините соговорници, напоменувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт и моќ се занимавале со туѓите животи на повеќе од 20.000 граѓани.

„Јас сум легалист, не ми е прифатлив воајеризмот, ниту прислушкувам ниту преслушувам прислушкувани разговори“ – одговори Јанкулоска.