Инстаграм конечно воведе споделување на линкови преку директни пораки

Социјалната мрежа Инстаграм конечно им овозможи на своите корисници да разменуваат линкови со директни пораки. Корисниците сега можат да ги споделат линкови и преку нив директно да ја посетат интернет страницата, а се овозможени и линкови за телефонски броеви и адреси.
Инстаграм, исто така, воведе поддршка за пејзаж и портрет режими на директни пораки, што значи дека корисниците веќе не треба да ја ги сечат или копираат нивните слики пред да ги испратат.
Компанијата продолжува да ја подобрува својата опција “Stories“, која е клон на “Snapchat“.
Иако тоа не е голема промена, за корисниците секако ќе биде корисна, особено на оние кои продаваат преку Инстаграм.