Wednesday, Dec 7, 2022
HomeДЕНЕШНАПолитикаИмето на новиот министер за здравство ќе се соопшти деновиве

Името на новиот министер за здравство ќе се соопшти деновиве

Привршуваат разговорите меѓу коалициските партнери во Владата за пополнување на испразнетите ресори, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на неформалниот состанок на претставници на царинските управи од земјите од Западен Балкан во Скопје.

Заев рече дека е прашање на денови кога би се објавило името на новиот министер за здравство, на местото на Арбен Таравари, кој стана градоначалник на Гостивар.

– Граѓаните го очекуваат новиот министер за здравство. Ние сме на крај на разговорите со коалициските партнери, а се надевам дека во прашање се само денови додека го објавиме и името на министерот, но и да ги пополниме другите испразнети места, заменик-министер и министер без ресор и да ги комплетираме раководните структури на извршната власт – изјави Заев.

Тој додаде дека е важно да се пополнат и местата во институциите за кои се објавени јавни конкурси и упати апел до граѓаните кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсите.

– Досега имаше за еден дел в.д. решенија, еден дел не беа ниту променети, мандатите истекуваат и во согласност со правилатаи со законите во Македонија, сакаме да ги поставиме новите менаџменти на многу значајни институции за коишто огласите се во тек – рече Заев.