Tuesday, Sep 28, 2021
HomeДЕНЕШНАСветИм украде стотина телефони на Коачела, а тие му се заблагодарија

Им украде стотина телефони на Коачела, а тие му се заблагодарија

Минатиот викенд во Калифорнија се одржа познатиот фестивал „Коачела“, а изчезнати телефони не се никаква новина.

Реиналдо Де Хесус Енао, е уапсен и затворен поради кражба на преку сто мобилни телефони на ултра популарниот музички фестивал „Коачела“ во Калифорнија, но верувале или не, тој е прогласен за херој.

Со оглед на тоа дека во Америка најмногу се користи iPhone, многу сопственици биле паметни, па ја активирале апликацијата FindMyPhone.

Сепак, се стана многу чудно кога речиси сите сто украдени телефони воделе до ист човек, кого обезбедувањето го запреле на влезот, а во ранецот имале што да видат.

Во ранецот се наоѓале сто телефони.

– Тој не го ризикуваше својот живот да ги спаси нашите профили на мрежите од прездодевните фотографии од фестивалот. Херој! се само некои од хумористичните коментари.