Tuesday, Jun 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИ екстерно тестирање годинава зависи од тоа кога Иванов ќе го додели мандатот

И екстерно тестирање годинава зависи од тоа кога Иванов ќе го додели мандатот

Ако СДСМ формира влада за една недела, тогаш учениците нема да полагаат екстерно тестирање во јуни, a брзината на формирање влада зависи од тоа кога претседателот Ѓорге Иванов ќе му го додели мандатот на парламентарното мнозинство, ако воопшто го даде. Се уште има дилеми од кога почнува да тече рокот од десет дена за доделување мандат, бидејќи Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието беше објавена утринава во „Службен весник“, а во неа пишува дека стапува во сила на денот на донесувањето, а тоа е 2 мај. Ако не биде формирана влада за една недела, мали се шансите тестирањето да биде укинато оваа година или пак да биде ставено во мирување,

За да се укине екстерното тестирање, што годинава е закажано да се полага од 5 до 9 јуни, треба да се сменат Законите за основно и за средно образование, како и Законот за наставници, оценува „СДК“. Владата треба да донесе нови измени и да му ги предложи на Собранието. Откако Собранието ќе ги усвои измените, новите законски решенија треба да бидат објавени во Службен весник за да стапат во сила.

„Измените на законите се веќе направени и ќе бидат ставени на првата седница на Собрание“, вели Петар Атанасов од СДСМ. “Доколку не се успее да се формира влада за една недела, тогаш ќе гледаме да се донесе некое поинакво решение, на пример екстерното тестирање да се стави во мирување со одлука на владата. Укинувањето на екстерното тестирање е политичко решение на нашата партија и верувам дека ќе успееме да го спроведеме како одлука“, смета Атанасов.

Тој се уште не знае дали укинувањето може да биде ретроактивно, што би значело поништување на сите оцени што учениците ги добија во свидетелствата изминатите години. Од минатата година, оценките од екстерното тестирање не влегуваат во крајниот успех на учениците.
Од Министерството за образование велат дека укинувањето на екстерното мора да се направи со законски измени и во никој случај не може да се укине само со одлука на влада.

Makедонија Ѓорге Иванов екстерно тестирање Зоран Заев мандат за