Хакерот призна како ги украл голите слики на славните

Хакерот Едвард Мајерчик ја призна вината за пробивањето на корисничките сметки на iCloud од каде украде голем број на голи слики од познати актерки, манекенки и пејачки со што се соочува со казна затвор од 5 години.
Тој успеал да ги пробие нивните лозинки со лажни „фишинг“ мејлови при што ги измамил дека се испратени од Apple загрижен дека профилот им е небезбеден со што ги добил потребните податоци.
Сликите протекоа на интернет и оштетените побараа максимална казна за хакерот кој ја наруши нивната приватност и им ги наруши честа и угледот.
Извор: telefoni.mk