Sunday, Jan 29, 2023
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби поддржува осудените од Диво насење да се префрлат во родниот град

Груби поддржува осудените од Диво насење да се префрлат во родниот град

Првиот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби во интервју за косовската телевизија РТК истакна дека даваат поддршка за трансфер на осудените во терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље во нивниот роден крај.

– Многу ми е жал за она што се случи во Куманово. Дента кога се случи случајот Куманово, групата контактираше со меѓународната заедница, тие ме контактираа и нè поврзаа за да контактираме, бидејќи сакаа да се предадат, група од нив и јас во оваа прилика комунициравме во текот на целиот ден со нив, од утрото до 20 или 21 часот истата вечер и како резултат на таа комуникација повеќе од 30 лица се предадоа и избегаа од сите тие борби што беа страшни. Овие разговори беа пресретнати и емитувани за време на судењето.

Ова го изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во емисијата „Ноќ со Фатмир Спахиу“ на Националната телевизија на Косово.

“Се случи, не знам кој беше тој што ги инструментализираше и затоа е наша идеја, ние го вклучивме и во програмата, но исто така и во договорот за коалиција што бара меѓународна интервенција во истрагата на овој случај и наоѓање на вистината“, изјави Груби на РТК.