Monday, Jun 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГодинава на Клиниката за гинекологија починале 127 новороденчиња

Годинава на Клиниката за гинекологија починале 127 новороденчиња

Oд почетокот на годината до 30 септември на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар во Скопје починале дури 127 новороденчиња, соопшти директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

На заедничка прес-конференција со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, Јовановска укажа на низа сериозни проблеми со кои се соочува клиниката. Таа посочи дека системот за одржување на температурата не функционира, системот за вентилација е во многу лоша состојба, а клиниката има и премногу мал број вработени за потребите, иако е единствен центар кој згрижува новороденчиња родени со висок ризик.

Беше посочен и проблемот со покривот, од кој протекува поради што се создава влага од приземјето до подрумот, како и проблемот со недостиг од протечна вода во делот каде што се сместуваат новороденчињата и проблеми со стерилизаторите за пелени и за шишиња.

Како најсериозен проблем, сепак, директорката го посочи недостигот од кадар на одделот за неонатологија, каде медицинските сестри дежураат за 150 денари од ноќ, а секоја од нив мора да се грижи за 30 до 40 бебиња.