Ги фатил во прељуба, одмаздата само со селфи на Фејсбук

Дастон Халовеј од Тексас враќајќи се дома ја фатил својата девојка како го изневерува и во нивниот кревет спие со непознат мажи. Наместо веднаш да крене паника, па дури и да се пресмета со „натрапникот“ тој едноставно објавил селфи на Фејсбук во кадар со нив додека спијат.
– Она кога ќе дојдете дома и во креветот покрај личноста која ја сакате ќе затекнете непознат човек. Добар маж заслужува добра жена – напиша Дастон на својот фејсбук профил.
Ваквата објава стана хит на социјалните мрежи, а многумина му честитаа на Дастон за присебната и неверојатна реакција, па дури му нудат помош да запознае нова девојка која ќе го заслужи неговото внимание.