Франција го прегази Исланд за атак на титулата

Француските фудбалери одиграа шампионски натпревар против најголемото изненадување на првенството Исланд и беа супер ефикасни во првото полувреме со дури 4 гола кои беа дело на Жиру, Погба, Паје и Гризман. Во вториот дел Исланд се обиде да ја спаси својата чест и прв намали Сигторсон.
„Петардата“ пукна со вториот гол на Жиру кој придонесе за најубедливата победа за Франција на Евро 2016, додека пак Бјарнасон при крајот само го ублажи поразот на Исланд кој немаше повеќе моќ за да направи ново изненадување.
Франција во полуфиналето ќе игра против упорната Германија, а во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Португалија и Велс.