(Фото) Црногорско-албанската убавица Афердита Дрешај!

Афердита Дрешај е модел со висина од 183 см, поранешна мисица и пејачка, и таа е родена на 19 јули 1986 година во Подгорица.
Русокосата убавица е од албанско потекло, а во 2011 година го претставуваше Косово на Мис Универзум. Кариерата како модел ја започнала на 17 години.
Кога имала само 12 години, се преселила во Мичиген, каде што се уште живее. Сепак, многу често ја посетува Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. И секое лето таа го поминува на Балканските плажи.
За неа најмногу се пишуваше во светските медиуми во 2013 година кога беше девојка на познатиот актер Леонардо Ди Каприо.