Friday, May 20, 2022
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕдна година музика со „Терапија”

Една година музика со „Терапија”

Во 2020 година ви го претставивме првото хибридно издание на платформата Терапија одржано во Крушево. Понатаму продолживме со оригинална содржина создадена на различни локации во Македонија. Многумина од вас имавте можност да видите артисти кои изведуваат во живо, но и специјални аудиовизуелни проекти.

И покрај тоа што проектите на #Терапија беа нешто кое направи да се чувствуваме горди и среќни, сепак 19 месеци без физички настан се премногу.  Свесни сме дека Ковид-19 е сè уште тука, но ќе се обидеме оваа година да направиме чекор напред, извесен рестарт, ако можеме така да кажеме.
Признаваме дека следните месеци ќе бидат предизвик за  здравствената состојба кај нас. Сепак, се надеваме дека ќе соработуваме со засегнатите страни, извршната власт, здравствените институции, како и клучните чинители во индустриите за ноќен живот за да го најдеме најбезбедниот и најпрактичен начин да останеме отворени.
Во овие комплицирани времиња, соочувајќи се со предизвиците и неизвесностите на нашето секојдневие, Terapija се стреми да ја заврши годинава со динамика и оптимизам.  Помина една година од првото хибридно издание на проектот Терапија и 19 месеци без настан со физичко присуство. Сега е време да организираме настан во живо во нашиот роден град.
Следејќи ги здравствените упатства и протоколи објавени од властите против Ковид-19, подготвивме специјално издание  „Dance terapy“  кое има за цел да не‘ приближи до сите оние кои ни недостасуваа.  Ние претендираме да ја понудиме својата музичка естетика, додека истовремено ја поддржуваме  работата на локалните и на меѓународните артисти.  Alinka i #IvanaDragsic во Станица 26Only safe is safe!Ги повикуваме сите да се #вакцинираат – само така ќе имаме највисок ефект на заштита. Сè додека не сме стигнати до оваа состојба, наша задача е да направиме културните настани да се случуваат во што побезбедни услови – во интерес на уметниците и посетителите.  Ова важи и за скопската #клубкултура, на која после година ипол одговорна акција ѝ треба #перспектива, исто како што им требаше и на театрите и на музеите.