Sunday, Jan 29, 2023
HomeДЕНЕШНАПолитикаДС: Демократските сили мора да ја поразат блокадата на изборот на претседател на Собранието

ДС: Демократските сили мора да ја поразат блокадата на изборот на претседател на Собранието

Најавите за спречување на изборот на претседател на Парламентот треба и морa да бидат поразени од демократските сили во Македонија, порачуваат од Демократскиот сојуз(ДС).

„Свечената изјава дадена под знамето на Република Македонија, пратениците и македонската јавност, е силна гаранција дека претседателот на Парламентот со индигнација отфрла било какви обиди кои го нарушуваат унитарниот карактер и суверенитетот на државата“, велат од ДС.

Според нив, почитување на Уставот мора да биде императив на сите носители на државни функции.

„Вклучително и на претседателот на Република Македонија, кој за жал е лош пример и непоправлив кога е во прашање кршење на Уставот и свечената изјава која ја даде пред граѓаните на Македонија. Демократскиот сојуз повикува на одговорно однесување од сите пратеници, сè со цел промените на власта да бидат во интерес на стабилноста, мирот и просперитетот на демократска и европска Македонија“, се вели во партиското соопштение.