Sunday, Sep 26, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери побара да му се создадат услови за работа во Собранието

Џафери побара да му се создадат услови за работа во Собранието

Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, денеска преку Архивата на Парламентот испратил барање до генералниот секретар на Собранието да му се овозможат услови да почне да ја врши својата функција претседател на Собранието, јавува „Плус инфо“.

Џафери денеска работи од својата пратеничка канцеларија и очекува поранешиот собраниски спикер Трајко Вељаноски да ја испразни запоседнатата канцеларија и да ја предаде.

Во меѓувреме, пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во кабинетот на поранешниот претседателот на Собранието ги реафирмираше позициите дека обидот за избор на нов спикер со кршење на деловникот и уставот е нелегитимен.

На состанокот присутни поголем дел од пратениците на Коалцијата „За подобра Македонија“, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, техничкиот премиер Емил Димитриве и екс-спикерот Велјаноски.