Sunday, Jun 4, 2023
HomeДЕНЕШНАРепубликаДенес не очекува исто така нестабилно време

Денес не очекува исто така нестабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појав на град и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 13 и дневна до 22 степени.

До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, па времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Утре ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе дува засилен северен ветер.