Дали знаете во кои земји има идеални климатски услови?

Од најголемиот број на сончеви денови, до ноќи исполнети со ѕвезди на небото – ова се земјите во светот кои имаат најдобра клима.
Еквадор
Оваа јужноамериканска земја има вечна пролет, со просечна дневна температура околу 21 Целзиусов степен.
Аризона
Знаеме, тоа не е држава. Но, според Гинисовата книга на рекорди, Јума во Аризона е најсончевиот град во светот, кој во просек има 11 часа непрекинато сонце на ден. Тоа е повеќе од 4.000 сончеви часа годишно.
Намбија
Оваа далечна држава важи за онаа во која има најмалку дождови. Градот Свакопмунд, кој се наоѓа на самата обала, доживува помалку од 2,5 сантиметри дожд годишно.
Кипар
На Кипар може да биде прилично жешко, но воздухот останува доволно сув, со пријатно ветре, па го имаме победникот во категоријата за држава со најдобро ниво на влага.
Јапонија
Географската позиција, положбата на океанот, планинските височини и близината на ладниот воздух од североистокот на Азија, ја прават Јапонија една од најснежните места на планетата.
Бразил
Потребен ви е одмор на тропско место? Тогаш вашата дестинација секако е Бразил, кој е прв на листата на такви места, со топли температури и многу влажност во воздухот.
Конго
Сместена во срцето на Африка, оваа земја има најниска просечна брзина на ветрот, што ја прави едно од најмалку ветровитите места во светот.
Канарските острови
Дали сте за романтично гледање во ѕвезденото небо? Најдобар поглед ќе имате токму од Канарските острови, бидејќи таму небото е најѕвездено во целиот свет.
Исланд
На Исланд воздухот е најчист, што може да се препише на повеќе фактори – малата густина на населението, обилните шуми и строгите прописи.