Monday, Aug 2, 2021
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДали туристичкиот сектор влегува во нова криза?

Дали туристичкиот сектор влегува во нова криза?

Ваучерите за летување дома кои ги додели државата, делумно помогнаа да се ублажи кризата во туристичкиот сектор, но следните месеци ќе бидат тешки.

Се очекува дека ќе има нови рестрикции, а со тоа не може да се планираат тури, прослави на Нова година и католички Божиќ. Крсте Блажески од ХОТАМ објаснува дека ваучерите дадоа свој придонес, но не направија пресврт. Повеќето ваучери се искористени, но дел од граѓаните од непознати причини не ги употребиле ваучерите.

„Дел од корисниците не ги искористија ваучерите. Можеби се тоа луѓе кои не можат да одат на одмор, кои не можат да патуваат. Не знаеме од кои причини не ги искористија и баравме тие ваучери да бидат преносни, да може да ги користат членови на семејството, деца, внуци, но тоа не се прифати. Ваучерите привремено помогнаа, но следните месеци нема да има гости од регионот, нема да има тури, нема да се организираат прослави за Нова година и католички Божиќ, семинари нема да има поради ограничувањата за собирање. Неколку меѓународни семинари веќе се откажани. Ќе изостанат туристи од Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија затоа што луѓето нема да се чувствуваат сигурни и слободни за да патуваат“, вели Блажески.

Додава дека овој октомври хотелите во охридско – струшкиот регион имаат само 10 отсто исполнетост. Очекува дека во претстојниот период дел од нив ќе затворат.

Целиот текст прочитајте го на порталот Фактор.