Sunday, Jan 29, 2023
HomeДЕНЕШНАРегионБугарија ќе го слави 24 мај како ден на бугарската писменост

Бугарија ќе го слави 24 мај како ден на бугарската писменост

Собранието во Бугарија го преименува празникот 24 мај денот на светите браќа Кирил и Методиј и наместо на сесловенската, ќе ги слави како Ден на бугарската писменост.

Предлогот од партијата на Красимир Каракачанов со мнозинство гласови и поддржано од партијата на премиерот Бојко Борисов помина во парламентот.

Софија кирилицата ќе ја ословува како бугарска, а не словенска азбука.

На 24 мај во Ватикан на гробот на сесловенските просветители одат и македонска и бугарска државна делегација.

Во Македонија овој ден е и неработен ден за сите просветни работници.