Sunday, Jan 29, 2023
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБитиќи откри нов модел на субвенции за плата на вработените

Битиќи откри нов модел на субвенции за плата на вработените

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи откри дека е донесена одлука за нив модел на субвенции за плати на вработените кои ќе може да ги искористат компаниите во зависност од падот на нивните приходи и оваа мерка за помош на економијата погодена од КОВИД-19 пандемијата ќе трае до крајот на годината.

“Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места.

На вчерашната седница на Влада беше утврден Предлогот на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Веќе знаете дека методологијата за исплата на финансиската поддршка за исплата на плати е променета и истата ќе се одредува скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари”, откри Битиќи.