Sunday, Sep 26, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаБеса: Странците сакаат да помогнат, но не доаѓаат со готови решенија

Беса: Странците сакаат да помогнат, но не доаѓаат со готови решенија

Странските дипломати кои доаѓаат во Македонија не доаѓаат со готови решенија, туку сакаат да помогнат, изјави потпретседателот на движењето Беса, Африм Гаши по средбата со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт.

– Бараат начини како може да се помогне, како ние заеднички би можеле да се договориме за излез од кризата. Сите надворешни дипломати кои се дојдени до сега, барем според пристапот кој го имаат кон Беса, сакаат да помогнат Македонија што побрзо да излезе од сегашната криза – рече Гаши.

На средната со Билд, како што рече Гаши било разговарано за актуелната политичка состојба, за начините за излегување од кризата, но и за тоа кои се Беса и како се дојдени на политичката сцена.

– Сакаше да се запознае со Движењето Беса како нов субјект, да дознае кои се нашите гледишта за процесите и државата, но поголем дел од времето го потрошивме на изнаоѓање начини како Македонија би можела да излезе од кризата – рече Гаши.