Авион на „Ер Србија“ итно слета во Сплит
Патник доживеал срцев удар за време на летот на авион „Ер Србија“, ЈУ 535 од Рим кон Белград. Патниците биле во вистинска паника кога човекот останал без свест, а аавионот морал итно да слета на најблискиот аеродром во тој момент – во Сплит.
Со брза реакција на екипажот и благодарение на тоа што имало доктор помеѓу патниците, неговата состојба била стабилизирана. Патникот во еден момент останал без свест и пулс.
– Тој најверојатно доживеа срцев удар. За среќа меѓу патниците имаше и лекари кои со брза и стручна реакција го резнимираа патникот и ја стабилизираа неговата состојба до слетувањето во Сплит, каде го презема возило на Брза помош. Не ја видов целата акција, бидејќи тој седеше меѓу првите редови, а јас бев малку подалеку. Но, една од лекарките им прераскажуваше на колегите дека човекот останал бев свест и пулс. Знам дека екипажот користеше маска за кислород, но не сум сигурен дали беше употребена АЕД опрема или реанимацијата беше „класична“. Задниот дел од авионот веројатно не виде што се случува, јас седев поблиску, но тој седеше меѓу првите редови. Се се случи на почетокот, за време на сервирањето храна и пијалоци, раскажал сведок.
Според неговото сведочење авионот итно слетал на аеродромот во Сплит. Пациентот таму бил преземен од страна на возило на Брза помош. Тоа траело десетина минути, а откако било направено дополнување на гориво, авионот го продолжил своето патување кон Белград.
извор: Нетпрес