Apple со индиска помош ќе развива виртуелна реалност

Тим Кук при денешната посета на Индија се сретна со премиерот Наренда Моди и голем број на високи функционери и бизнисмени за да разговара за присуството на Индија во оваа земја во развој. Првите детали велат дека претстојниот Apple VR ќе се произведува токму во Индија, а за оваа инвестиција се поставиле почетните идеи меѓу Тим Кук и Моди.
Конкретни информации каква ќе биде виртуелната технологија на Apple се уште нема, но одамна е познато дека гигантот собира експерти од различни компании со претходно искуство во VR и на располагање има голем број на патенти, па може да очекуваме нешто атрактивно наредната година.
Извор: telefoni.mk