Sunday, Jan 29, 2023
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпасиев бара собраниска Декларација за осуда на Меморандумот на Бугарија

Апасиев бара собраниска Декларација за осуда на Меморандумот на Бугарија

Апасиев во Собранието поднесе иницијатива за осуда на Меморандумот од Бугарија испратен до земји членки на ЕУ во кој се наведени бројни фашизоидни ставови против македонската држава и македонскиот јазик. Во барањето за декларација со која ќе се направи спротивставување на бугарските ставови од Левица ги посочија следните точки:

1️⃣Осуда и отфрлање на т.н. објаснувачки Меморандум донесен од бугарскиот Парламент.

2️⃣Право на самоопределување на македонскиот народ, како универзално и колективно право, кое е гарантирано со императивниот ius cogens правен режим.

3️⃣Бараме од власта да бидат поагилни и пожестоки во одбрана од нападите кои доаѓаат од страна на (нео)врховистичките, „михајловистичките“ и велокобугарските центри.

4️⃣Претседателот на Републиката, како dominus во надворешната политика да се стави во патерналистичка улога за доаѓање до историската вистина за злосторствата извршени од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

5️⃣Признавање на македонското малцинство во Бугарија и барање за извинување од бугарските власти за сите злосторства за време на Втората светска војна.

6️⃣Македонска платформа за националните интереси во која ќе се дефинираат државните „црвени линии“.

7️⃣Итно запирање со работа на некредибилната т.н. Заедничка меѓувладина експертска комисија заради историски ревизионизам и омаловажување на делото на Гоце Делчев.

8️⃣Академските и научно-образовните институции, како и медиумите, невладините организиции за заштита на човековите слободи и јавните личности да се вклучат во организиран Отпор.

9️⃣Декларацијата да се достави до ООН, Советот на Европа, ЕУ, ОБСЕ-ОДИХР, Европскиот парламент.

1️⃣0️⃣Декларацијата веднаш да се објави во „Службен весник на Република Македонија“ и да влезе во сила истиот ден, посочи пратеникот Димитар Апасиев од партии Левицата во Собранието.