Wednesday, Jul 6, 2022
HomeДЕНЕШНААлтернатива за масовниот туризам која е праведна, одржлива и не остава последици

Алтернатива за масовниот туризам која е праведна, одржлива и не остава последици

Како до праведен и одржлив туризам, со нула загадување и заштита на локалните карактеристики и намалување на социјалните и последиците врз животната средина?

Одговорите на овие прашања беа понудени од алтернативните локации за рурален туризам низ Северна Македонија. Тие беа посетени како дел од активностите на проектот „Одржлив туризам“ кој го спроведува Европската зелена фондација – GEF – Green European Foundation со поддршка на Здружението Изгрејсонце.

Дел од студиското патување беа граѓански активисти, експерти за туризам, претставници на организациите кои го спроведуваат проектот. Меѓу нив беа Академија за зелена иднина – FREDA – die Akademie од Австрија, Институт за политичка екологија – IPE – Institut za političku ekologiju од Хрватска и Организација за политичка екологија – Polekol – Politička ekologija од Србија и Балканска асоцијација за алтернативен туризам – Балканија, на покана на Изгрејсонце.

Во селата Јанче, Куратица и Дихово, беа претставени одржливите практики и уникатноста на нивните понуди со голема гостопримливост како добри примери за одржив развој на туризмот. Патувањето вклучи и посета на локалитети од значајното културно-историско и природно наследство и туристичките понуди на Охрид и Охридското Езеро, Националниот парк Маврово и Демир Капија.

Домаќините со нивните примери, докажаа дека е возможен одржлив туризам кој ги вклучува локалните чинители: фармери, сточари, градинари и угостителски и туристички работници. Со посетата на овие локации се разменија искуства и знаења, но и се утврдија дел од проблемите.

Во следните чекори ќе ги претставиме целите на проектот и приказните на локалните актери, со фотографии, приказни и видеа за воспоставување одржливи практики, како и споделување искуства од Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија и Белгија за можните решенија во оваа област.