Sunday, Aug 1, 2021
HomeДЕНЕШНАПолитикаАхмети го пречека Билд со албанско и косовско знаме – македонското забутано во ќош

Ахмети го пречека Билд со албанско и косовско знаме – македонското забутано во ќош

Поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, кој денеска има серија средби со политички лидери во Македонија, веројатно ненамерно, сакајќи да твитне фотографија дека пристигнал во штабот на ДУИ во Мала Речица во Тетово, илустрираше каде ДУИ го држи македонското знаме.

На подиумот кој е во рамките на салата за средби ги има сите други знамиња – на ЕУ, на САД, албанското, на ДУИ, па и косовското – само македонското срамежливо ѕирка од заднината.

На прашањето на „Мета“ зошто македонскот знаме е поставено таму, порптаролот на ДУИ, Бујар Османи, одговори со контрапрашање: „Како мислите зошто е поставено?“.

На дополнителното прашање за појаснување „зошто е поставено во ќош, зад сите други знамиња“, Османи одговори кусо и двосмислено „останало“.