Ахмети: Алијансата е несериозна партија со двајца пратеници

Али Ахмети во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, Алијанса за Албанците ја нарече несериозна партија која има само двајца пратеници и со тоа даде јасни сигнали дека не очекува повеќе да биде дел од владината коалиција.
Симптоматичен е и бројот на пратеници кои Ахмети го истакна, бидејќи на изборите во декември коалицијата на трите партии во Алијансата доби тројца пратеници. Тоа значи дека пратеникот од РДК, Весел Мемеди веќе и официјално е пред излез од коалицијата на Алијансата од собраниските клупи. И двајцата пратеници на ДПА се сè поблиску до владеачкото собраниско мнозинство.
Односите меѓу Ахмети и Села станаа тензични за време на локалните избори кога ДУИ и Алијансата се бореа меѓусебе за градоначалнички места. Тоа ги комплицираше односите во Владата, со што испразнето место во Министерството за здравство остане празно неколку месеци.
Од вчера и официјално Владата за министер за здравство го предложи Венко Филипче, како кандидат на СДСМ.