Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗврлевски преку Врховниот суд се обидува да укине притворот на бегалецот Сеад Кочан

Зврлевски преку Врховниот суд се обидува да укине притворот на бегалецот Сеад Кочан

Една недела по средбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски и јавниот обвинител Марко Зврлевски, со новиот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, од Јавното обвинителство до Врховниот суд стигна барање за укинување на решенијата на Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд за притворот на бизнисменот.

Јавното обвинителство на Марко Зврлевски, за случајот кој е во надлежност на Специјалното јавно обвинителство бара „Врховниот суд да го уважи барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител на Република Македонија, да ги укине решенијата на Oсновниот суд Скопје 1 од 7.03.2017 година и на Апелациониот суд од 15.03.2017 година и предметот да го врати на повторно судење и одлучување.

Согласно Законот за Специјално јавно обвинителство, Јавното обвинителство на на Марко Зврлевски, нема никаква надлежност врз случајот и барањето е незаконско. Според правни експерти ваквото барање Врховниот суд треба да го третира како поднесок од ненадлежен орган.

Како основа за барање за заштита на законитоста за случајот на Сеад Кочан се наведува дека со донесените решенија на Основниот суд Скопје 1 и на Апелациониот суд се сторени повреди на законот од кои една се однесува на решението донесено од Кривичниот совет во кое навел дека жалбата не го задржува извршувањето на решението, одосно било повредено суспензивното дејство на жалбата. Со преземање на дејствија за извршување на решението пред да стане правосилно од јавното обвинителство наведуваат дека Советот сторил повреда на членот 134 ст.5 од ЗКП. Јавното обвинителство наведува и дека во решението не се наведени факти и докази дека за осомничениот Сеад Кочан кој е во бегство, го сторил кривичното дело.

Токму пред една недела претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски имаше средба со Зврлевски и адвокатот на Сеад Кочан, кој е иствремено претседател на Адвокатската комора. Целта на средбата како што беше кажано, била во насока на подобрување на комуникацијата помеѓу Врховниот суд и Јавното обвинителство.

Сеад Кочан од донесувањето на решението за притвор е во бегство и за него е распишана потерница. Адвокатот Никола Додевски тврдеше дека е на службен пат.