Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗврлевски незаконски си ги зголемил платите за време на техничка влада

Зврлевски незаконски си ги зголемил платите за време на техничка влада

Користејќи ја ситуацијата во државата, Марко Зврлевски ги зголемил платите за 20% иако немаат право на тоа кога се уште фунцкионира техничката влада, дознава А1он. При покачувањето на платите, јавните обвинители се повикале на додаток на плата за посебни услови при работа, додаток на плата за постоење висок ризик, додаток на плата за доверливост или додаток на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа.

Оние обвинители кои се повикале на последната точка, односно „додаток на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа“ биле исплатени околку 1.000 евра.

Зврлевски забранил зголемувањето на плата да биде јавно објавено затоа што е незаконски и затоа што ќе предизвика револт кај народот и кај судиите кои досега земале плата на ист ранг судии и обвинители како и кај судската служба која 62 работни дена штрајкуваше поради исто зголемување на платите. По штрајкот, Зврлвски го повлече зголемувањето кое сега во тајност го враќа, а штрајкувачите беа прогласени како поттикнати од опозицијата, по што претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски ги казни 2 месеци со 40% од платите.