Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗврлевски не се повлекува, комбинаториките не се вистинити

Зврлевски не се повлекува, комбинаториките не се вистинити

Државниот јавен обвнител Марко Зврлевски засега не опланира да се повлече од раководната функција во ОЈО откако порталот Сведок откри интересен заговор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за негово одржување во обвинителството со постојан мандат на функцијата заменик републички обвнител која не подлежи на мандат и реизбор,.

„Немам намера предвреме да се повлечам од функцијата, а моето натамошно функционирање ќе биде во согласност со законските одредби“. Ова за Макфакс денеска го изјави државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој како неосновани ги оцени новинарските информации за негово предвремено повлекување.

Претходно Сведок, повикувајќи се на извори во Советот на јавни обвинители објави дека планот направен помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ треба да се случи неделава, за да се избегне формирање Влада, која според сите најави, прво ќе бара разрешување на директорот на БЈБ во МВР Митко Чавков и на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Во Законот за јавно обвинителство во членот 65 се утврдени основите за престанување на мандатот на државниот јавен обвинител. Тоа може да биде направено по негово барање, доколку го изгуби државјанството, ако трајно ја загуби способноста за вршење јавно обвинителска функција, доколку е избран или именуван на друга функција, осуден со правосилна судска пресуда од најмалку шест месеци затвор или со кривична санкција што го прави недостоен.