Wednesday, Apr 24, 2024
HomeUncategorizedЗврлевски ја минира истрагата за насилниците во Собранието, сметаат експертите

Зврлевски ја минира истрагата за насилниците во Собранието, сметаат експертите

Обвинителството на Марко Зврлевски ја минира истрагата за насилниците во Собранието, велат правните експерти. Ова обвнинителство освен што веќе побара лицата кои учествуваа во насилството во Собранието да се товарат за полесни кривични дела, од првично што бараше МВР, од вчера Зврлевски со ново барање до полицијата. Бара да се наведуваат и конкретни последици и фактографски да се документираат доказите, дознава Алсат М. Правните експерти велат дека со ова Обвинителството на Зврлевски купува време, иако поседуваат низа снимки со насилни елементи и затоа нивна законска должност, а не на полицијата, е да утврдат за кои дела ќе ги гонат насилните демонстранти. Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски смета дека неопходно е Обвинителството итно да формира тим кој ќе ги прегледа сите снимки. Така најлесно ќе оцени за кое кривично дело ќе гонат поединци од толпата народ, која тепаше пратеници.

„Подносителот на кривичната пријава нема никаква обврска да дава квалификација на настанот, затоа што квалификција за настанот дава исклучиво јавниот обвинител кој оценува дали е сторено кривично дело, кој е сторителот и за какво кривично дело станува збор. За која квалификација ќе гони јавниот обвинител, тоа е исклучиво работа на јавниот обвинител.“ – изјави Јован Трпеновски, поранешен јавен обвинител

Според долгогодишниот новинар Саше Димовски, сите демонстранти кои влегле во Собранието треба автоматски кривично да се гонат за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“, а подоцна Обвинителството самостојно да бара поединечни кривични дејствија.

„Слушнавме дека таму работат шест обвинители и тие обвинители треба само да му даваат насоки на МВР да изврши идентификација, да ги повика лицата, да ги распрашаат и да утврдат кој што правел. Со вакви ситни препукувања само се добива во време, бидејќи станува збор за скратена постапка и овие кои веќе се во притвор утре може да излезат, бидејќи против нив ќе нема време во тие рокови од осум дена да се покренат обвиненија.“ – вели Саше Димовски, новинар

Од Обвинителството за нивните барања до МВР реакоа дека се дезинформација. Инаку, за настаните во Собранието, досега се приведени вкупно 15 лица, а осум од нив веќе се во притвор во Шутка.