Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЅвездите од Холивуд запеаја за жртвите од Орландо

Ѕвездите од Холивуд запеаја за жртвите од Орландо

Како ретко когаш голем број на ѕвезди од Холивуд меѓу кои Бритни Спирс, Пинк, Адам Ламберт, Селена Гомез, Гвен Стефани, Меган Трејнор, Мери Џеј Блајџ, Џејсон Деруло и Трој Сиван, снимија песна посветена на жртвите од неодамнешниот напад во геј клубот Пулс во Орландо кога загинаа 50 лица или најмногу во едно масакр во САД.

Hands треба да испрати порака за толеранција на различноста. Средствата од продажбата на песната ќе бидат целосно донирани во фондот „Пулс“ наменет за семејствата на жртвите.