Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЅверот што мачеше волк доби кривична пријава

Ѕверот што мачеше волк доби кривична пријава

Полицијата во Штип успеа да го пронајде насилникот од село Карбинци кој на видео снимка која кружеше низ социјалните медиуми мачеше врзан и ранет волк со силни удари во главата. Волкот кој бил заловен наместо да биде усмртен дополнително беше мачен со ставање на цигари во ноздрите и постојано удирање во главата. За видеото имаше силни реакции на јавноста за незамисливото насилство и бесчовечност. СВР Штип против 37 годишниот З.В. поденесе кривична пријава за мачење на животни.