HomeГИГА БАЈТХај текЦукерберг ни покажа во каков виртуелен свет ќе живееме со Facebook VR

Цукерберг ни покажа во каков виртуелен свет ќе живееме со Facebook VR

Марк Цукерберг, основачот на Facebook, ја имаше почеста да ги претстави возбудливите новитети на Oculus VR очилата кои во живо ќе ја трансформираат вашата реалност во виртуелна преку новата Facebook VR платформа.

francisco-velasquez-gago-per-facebook-vr-mark-zuckerberg

Од демото се прикажа еден чуден и бизарен свет кој е речиси целосно анимиран, како да живеете во цртан филм, сите корисници ќе имаат свој компјутерски генериран аватар и ќе може да влијаат врз реалноста, како и да креираат 3D објекти.

facebook-vr1

Ова е прв заеднички проект на Facebook и Oculus, компанија која ја купија за 2 милијарди долари, но засега не е објавен датум на пуштање во продажба ниту цената, освен дека платформата ќе има бројни друштвени додатоци.

Извор: telefoni.mkIFrame

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com