HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора се тресе, земјотресот почувствуван до Хрватска

Црна Гора се тресе, земјотресот почувствуван до Хрватска

podgorica

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер удри во Црна Гора, а бил почуствуван до Хрватска. Според Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил 78 километри северозападно од Подгорица, на длабочина од 10 километри. Нема информации за материјални штети.

Земјотрес со иста јачина пред една недела ја погоди Босна и Херцеговина, а епицентарот на овој потрес беше на 60 километри северозападно од Сараево.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com