HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора го одбра НАТО, Ѓукановиќ победи но, без мнозинство

Црна Гора го одбра НАТО, Ѓукановиќ победи но, без мнозинство

Владејачката црногорска Демократска партија на социјалистит ги доби најголемиот број на гласови на неделните парламентарни избори во Црна Гора со што граѓаните се изјазнија за зачленување во НАТО и водење на прозападна политика. Сепак, неизвесно е дали актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ ќе ја продолжи бидејќи неговата партија тесно ги доби изборите со 36 пратеници од вкупно 81 и за да формира влада ќе мора да коалицира со некого.

Партијата на Ѓукановиќ има 42 насто, додека опозицискиот Демократски фронт над 22 процента. Алијансата „Клуч“ која исто така е против владејачката партија има освоено над 11 насто. Одѕивот на гласачите бил рекордно висок, околу 73 проценти. На ова гласање се гледаше како на избор меѓу Русија и Западот. Вчера во Црна Гора беа упасени 20 луѓе кои наводно дошле од Србија под сомневање дека сакале да нападнат државни институции.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com